Двата меча почнуваат од „нула“: Анчелоти и Артета тргнуваат офанзивно, Гвардиола и Тухел се претпазливи (Фото)

Тренерите на Манчестер сити и Реал Мадрид нема да се штедат за да дојдат до посакуваниот резултат вечерва. Гвардиола тргнува со малку претпазлива формација, 4-2-3-1, само со еден класичен напаѓач, Халанд, и со збиен среден ред со петмина фудбалери. Од другата страна, Анчелоти, планира од првата минута да нападне на „Етихад“, па затоа мечот го започнува дури со тројца офанзивци, Белингам, Родриго и Винисиус.

Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ заврши нерешено, 3-3.

Слична формација како и на „Етихад“, ќе изведат на теренот и тренерите на Баерн Минхен и Арсенал. Тухел започнува со Кејн во нападот, во формација 4-2-3-1 и збиен среден ред. Артета повеќе внимание ќе му посвети на нападот, па затоа почетната формација на гостинскиот тренер е 4-3-3.

Првиот меч во Лондон заврши без победник, 2-2.

- Оглас -

Најнови вести