1142 Брајтон – Тотенхем (20:30 ч.)
Брајтон добро ја почна сезоната, но потоа лошо продолжи и во последните пет кола има освоено само пет бода. За разлика од нив, Тотенхем влезе во добар ритам и се радуваше во последните три кола во првенството.
Овие два тима досега имаат одиграно 15 средби и никогаш немаат одиграно нерешено (12 победи на Тотенхем и три радости на Брајтон). Брајтон е тимот со најмногу реми сезонава, дури шест, па можеби е редно време да одиграат без победник и против Тотенхем.
Предлог тип: Х (3.75)
1143 Арсенал – Вест хем (21:15 ч.)
Лондонско дерби на кое Арсенал е фаворит и сигурно Топчиите ќе настојуваат да освојат три бода за да останат лидери на табелата. Арсенал сезонава пред своите навивачи има седум победи и две нерешени и во просек постигнува речиси 2,5 погодоци на меч.
Вест хем е тим кој игра без многу калкулации и сака да биде офанзивен. И традицијата во меѓусебните дуели најавува многу погодоци. Во последните девет меча, дури пет пати било ГГ4+ и сега оваа традиција треба да продолжи.
Предлог тип: ГГ4+ (3.15)
1538 Естрела – Акуња (21:15 ч.)
Дуел на две екипи на кои главна цел им е опстанок во елитното друштво во Португалија. Во двата табора нема некој истакнат квалитет и тешко е да се очекува добар меч, а фактот дека секој бод, е важен е најава дека ќе се игра со многу тактизирање и калкулации, па не ни треба да има многу голови.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.20)
5604 Ал-Ријад – Дамак (16 ч.)
Дуел од првенството на Саудиска Арабија каде што гостите ја имаат фаворитската улога. Дамак е во серија од пет победи по ред и сега е во горниот дел од табелата, додека Ал-Ријад нареди три порази во декември.
На последните пет меѓусебни дуели секогаш двата тима постигнувале голови, што значи дека гол-гол е вистинска комбинација, но ако се знае дека Ал-Ријад има несигурна одбрана, а Дамак е со одличен напад, треба да има и три или повеќе гола.
Предлог тип: ГГ3+ (2.30)
5241 Белуиздад – Константине (19 ч.)
Дуел од првенството на Алжир, каде што двата тима играат солидно, а посебно се добри во играта во одбраната. Домаќинот ја има фаворитската улога, а традицијата вели дека на 10 од последните 13 меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци, што значи дека и сега може да се очекува неизвесна пресметка со малку голови.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.71)