По првите 45 минути во мечевите од седмото коло во Премиер лигата, екипите на Манчестер сити и Манчестер јунајтед имаат негатива.
Шампионот Сити има негатива од 0:1 на гостувањето кај Вулверхамптон. Голот го постигна дефанзивецот на Граѓаните, Рубен Дијаш во 13-та минута.
Негатива по првото полувреме има и Манчестер јунајтед кој игра пред свиоте гледачи на „Олд трафорд“ против Кристал палас. Гостите со голот на Андерсен во 25-та минута водат со 1:0 по првиот дел.
Фаворитите Арсенал и Њукасл имаат предност по првото полувреме. Арсенал благодарение на головите на Букајо Сака во 17-та минута и на Мартин Едегор во 44-та минута од пенал, води со 2:0 на гостувањето кај Борнмут.
Њукасл пак на својот „Сент Џејмс парк“ доминира против Барнли, но постигна само еден гол и тоа преку Мигел Алмирон.
Новиот премиерлигаш Лутон има изненадувачки 1:2 на гостувањето кај Евертон.