-0.2 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Две 11-ки на Спортската прогноза, двајца го делат врвот во генералниот пласман

Светислав Г. и Љупчо Ц. погодија по 11 од 13-те натпревари во основната понуда на 12-тото коло на Спортска прогноза и добија ваучер од Sport Life во вредност од 500 денари.

Тие погрешија само кај два пара, Светислав го изневерија Менхенгладбах и Тотенхем, од кои очекуваше победи, а загубија, додека Љупчо „се лизна“ на Вест хем – Астон вила (чекаше кец) и Селта – Билбао (типувал победа на гостите).

Необично е дека во ова коло немаше ниту еден нерешен резултат на средбите во основната понуда.

Што се однесува до генералниот пласман, таму водат Благојо А. и Трајчо Ј. со по 87 поени, четири повеќе од неколку играчи кои го делат третото место.

Паровите за новото коло ќе бидат објавени утре.

- Оглас -

Најнови вести