Манчестер сити со 3-2 ја совлада Црвена ѕвезда во Белград, а Лајпциг дома со 2-1 триумфира над Јанг бојс во двата меча од Лигата на шампионите кои почнаа во 18.45 часот.
Првите два гола за англискиот и европски првак ги постигнаа 20-годишните Мика Хамилтон и Оскар Боб, на кои ова им беа први голови во сениорската кариера. Хамилтон дебитираше и веднаш даде гол, а го изнуди и пеналот за 3-1, кој го реализираше Калвин Филипс.
Сити, како и Реал Мадрид, освоија по максимални 18 бода во групната фаза од ЛШ, а Ѕвезда се прости од Европа.