Две децении од магијата на Роналдињо, дали навистина тоа го сакаше? (Видео)

Ако ФИФА се држеше до 80-годишната традиција, деновиве ќе се играа мечеви од Светското фудбалско првенство. Сепак, одлуката Мундијалот да биде во Катар е причина планетарниот собир за првпат да биде во ноември и декември.

Точно пред 20 години овој период се играше Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја, а на 21 јуни играа Англија и Бразил во четвртфинлето. Англичаните добро започнаа и со погодокот на Мајкл Овен водеа со 1:0, но Ривалдо израмни пред крајот на првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме се случи мајсторијата која уште се памти, а е во изведба на Роналдињо. Беше досуден слободен удар за Бразил на околу 35 метри, а Роналдињо реши да го изненади Дејвид Симан и да шутира директно во голот.

Англискиот голман беше изненаден и на крајот мораше да ја вади топката од мрежата. Бразил победи со 2:1, а потоа Кариоките стигнаа и до светското злато.

По овој примен гол, Симан продолжи да брани за Англија, но само уште неколку меча, односно до дуелот против Македонија, кога Артим Шаќири му даде погодок директно од корнер во ремито 2:2 во Саутхемптон. Едноставно, Шаќири го пензионира легендарниот англиски голман.

- Оглас -

Најнови вести