12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Две екипи од Премиер лигата се подготвени да платат 115 милиони евра за Хулијан Алварес

Хулијан Алварес блеска во дресот на Атлетико Мадрид, па затоа е цел на европските великани, кои го посакуваат уште во летниот преоден рок. Аргентинецот има договор до 2030 година, па екипата која ќе го сака, ќе мора да ја плати сумата од 115 милиони евра која ја одредија Јорганџиите.

Во моментов четири го сакаат потписот на Алварес, но само две се подготвени да ја платат бараната сума. Тоа се Челзи и Арсенал, додека Барселона и ПСЖ иако се заинтересирани, сепак во моментов не се подготвени да платат толкаво обесштетување.

Во Шпанија долго се зборува дека Аргентинецот сака да се пресели во Каталонија, но Барселона поради повеќегодишната финансиска криза не е во можност да понуди ниту блиску до она што го нудат двете екипи од Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести