Новата сезона од лигашкиот дел на Лигата на шампионите тукушто започна, но веќе се познати две екипи кои сигурно ќе учествуваат во квалификациите следното лето. Викендов што измина Исланд и Фарските Острови ги добија шампионите за сезоната 2025, па Викингур (Исланд) и КИ Клаксвик (Фарски Острови) си го обезбедија местото во квалификациите за Лигата на шампионите.
Следните два месеца ќе бидат познати уште 10 шампиони во националните првенства кои играат според системот пролет-есен, а блиску до титулите се: Мјалби (Шведска), Шемрок (Ирска), Рига (Летонија) и Кауно Жалгирис (Литванија).
Останатите земји кои ќе добијат шампиони според овој систем на натпреварување се: Норвешка, Финска, Естонија, Белорусија, Казахстан и Грузија.