Четири европски гиганти, четири клубови кои знаат како е да се освојува континентален трон, четири големи фудбалски школи, ќе гледаме денеска во меѓусебна битка, во мечеви од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе ја пречека Барселона, а во исто време на „Амстердам арената“ домаќинот Ајакс ќе игра против најтрофејниот италијански клуб Јувентус.
Ви нудиме комплетно инфо за денешните два меча.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БАРСЕЛОНА (21 часот)
Стадион: „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Судија: Џанлука Роки од Италија
Можни состави:
Манчестер јунајтед (4-2-3-1): Де Хеа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Шоу, Мектомини, Погба, Далот, Лингард, Рашфорд, Лукаку.
Барселона (4-3-3): Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленгле, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Меси, Суарес, Кутињо.
Повредени и неизвесни: Дармијан, Санчез, Валенсија, Бејли, Ерера, (Манчестер ј.), Рафиња, Вермален, Дембеле (Барселона).
Меѓусебни дуели – последните два меча се во финале од ЛШ и Барса се радувала
28.05.2011 Барселона – Манчестер ј. 3-1
27.05.2009 Барселона – Манчестер ј. 2-0
29.04.2008 Манчестер ј. – Барселона 1-0
23.04.2008 Барселона – Манчестер ј. 0-0
25.11.1998 Барселона – Манчестер ј. 3-3
16.09.1998 Манчестер ј. – Барселона 3-3
02.11.1994 Барселона – Манчестер ј. 4-0
19.10.1994 Манчестер ј. – Барселона 2-2
15:05.1991 Манчестер ј. – Барселона 2-1
21.03.1984 Манчестер ј. – Барселона 3-0
07.03.1984 Барселона – Манчестер ј. 2-0
Вкупно 11 мечеви – Барселона има 4 победи, Манчестер јунајтед се радувал 3 пати, а четири средби завршиле без победник. Вкупната гол-разлика е 20:15 во корист на каталонскиот гигант.
Барселона е подобра и кога се работи за европските титули во елитното натпреварување на УЕФА.
Барселона 5 титули – шампион од 1992, 2006, 2009, 2011 и 2015 година.
Манчестер јунајтед 3 титули – шампион од 1968, 1999 и 2008 година.
АЈАКС – ЈУВЕНТУС (21 часот)
Стадион: „Амстердам арена“ во Амстердам.
Судија: Карлос Гранде од Шпанија
Можни состави:
Ајакс (4-3-3): Онана, Велтман, Де Лихт, Блинд, Талјафико, Де Јонг, Де Бек, Шене, Тадиќ, Нерес, Зијеч.
Јувентус (4-3-3) – Шченсни, Кансело, Бонучи, Ругани, Сандро, Пјаниќ, Хедира, Матуиди, Бернардески, Манџукиќ, Роналдо.
Повредени и неизвесни: Банде, Мазрауи (Ајакс), Барѕалји, Касерес, Квадрадо, Џан, Коста, Перин (Јувентус).
Меѓусебни дуели – Ајакс нема победа над Јуве од 1974 година.
25.02.2010 Јувентус – Ајакс 0-0
18.02.2010 Ајакс – Јувентус 1-2
23.11.2004 Јувентус – Ајакс 1-0
15.092004 Ајакс – Јувентус 0-1
23.04.1997 Јувентус – Ајакс 4-1
09.04.1997 Ајакс – Јувентус 1-2
22.05.1996 Ајакс – Јувентус 1-1 (2-4 на пенали)
15.03.1978 Јувентус – Ајакс 1-1
01.03.1978 Ајакс – Јувентус 1-1
11.12.1974 Ајакс – Јувентус 2-1
27.11.1974 Јувентус – Ајакс 1-0
30.05.1973 Ајакс – Јувентус 1-0
Вкупно: 12 меча – Јувентус 6 победи, Ајакс 2 победи и 4 реми, со вкупна гол-разлика 15:9 во корист на Јуве.
Во меѓусебните дуели Јувентус е подобар, но ако се гледаат европските титули во елитната лига на УЕФА, Ајакс е двојно подобар.
Ајакс 4 титули – шампион од 1971, 1972, 1973 и 1995 година.
Јувентус 2 титули – шампион од 1985 и 1996 година.
За тоа како очекуваме да завршат овие мечеви и мини анализа за двата дуели може да прочитате ТУКА.