16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Две европски репрезентации вечерва може да слават пласман на Светско првенство

Вкупно осум меча низ Европа се играат вечерва во квалификациите за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Сите осум меча започнуваат од 20:45 часот, а по завршувањето може да се случи вечерва да бидат познати две репрезентации кои ќе обезбедат место на завршницата на Мундијалот.

Швајцарија, која има перфектни три победи од три меча и гол-разлика од девет дадени и ниту еден примен гол, вечерва ќе гостува кај Словенија, која е без победа и само со два освоени бода. Доколку Швајцарија победи, а во вториот меч од оваа група, Косово (4 бода) не победи на гости кај Шведска (еден бод), ќе биде јасно дека Швајцарија на крајот ќе заврши како првопласирана.

На пат кон Мундијалот е и Франција, која по три кола е со максимални девет бода во групата во која Украина има четири бода, Исланд е со три бода, а Азербејџан освои само еден бод. Ако Франција победи на гости кај Исланд, а Украина не победи против Азербејџан, Галските петли ќе го визираат местото на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести