35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Две фантастични акции на дербито во Мадрид донесоа реми на кое највеќе му се радува Барселона (Видео)

Две фантастични акции донесоа реми во големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал на кое најмногу ќе се радува Барселона. Трката во трилингот гиганти за титулата во Ла Лига продолжува по мечот без победник на „Ванда Метрополитано“.

Луис Суарес повторно блескаше против Реал Мадрид, сега како играч на Атлетико Мадрид и со прекрасен гол во 15. минута му донесе предност на домаќинот во 15. минута.

Уругваецот ја искористи одличната асистенција на Маркос Љоренте и погоди со надворешна во исклучително богатиот репертоар на голови во богата кариера против Реал Мадрид.

https://twitter.com/ah_vii_/status/1368587269364408327?s=20

Сепак домаќините не успеаја да победат, а за ремито во Мадрид се погрижија Каземиро и Бензема, по страшната акција на гостите во 88. минута.

https://twitter.com/temiloluwaoo/status/1368609768445739010?s=20

Атлетико остана на врвот, сега со 59 бода, пред Барселона со 56 и Реал со 54 бода, но има и меч помалку од двата ривали за титулата.

- Оглас -

Најнови вести