Две финалиња и борби за трофеј, плус три интересни дуели кои заедно ако се одиграат носат квота од 42

Пет интересни мечеви кои доколку ги одиграте според понудата во Квоти на ден на Sport Life ќе ви донесат вкупен коефициент од 42.44. Лидс дома игра против Портсмут и тука треба да се очекува домашниот тим да биде фаворит и да постигнува од еден од три голови во првото и во второто полувреме, за да биде добитна квотата од 2.15.

Манчестер сити ја има фаворитската улога против градскиот ривал Јунајтед во Комјунити шилд, па затоа комбинацијата е победа на Граѓаните во меч на кој ќе има барем по еден погодок во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со 2.25.

Бразил и САД ќе играат во финалето на женскиот дел од фудбалскиот турнир на Игрите во Париз и најдобро е да се одигра на голови. Опцијата да се игра да има од еден до три гола во двете полувремиња носи коефициент од 2.25.

Спарта Прага гостува кај Бохемијамс и треба да победи, а опцијата „двојка“ во меч со два до пет голови е со точно два квота.

Салцбург не треба да има проблеми и на домашен терен да победи против Блау Линц и тоа во дуел на кој ќе има од три до шест голови, а коефициентот е 1.95.

 

- Оглас -

Најнови вести