34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Две фудбалски бомби со англиски шарм експлодираа во Кингстон и Бристол (Видео)

Два речиси идентични погодоци со англиски шарм што се фантастични вчера беа постигнати во Кингстон, Јамајка и во Бристол, Англија.

Реге-момците ремизираа 1:1 со Соединетите Американски Држави во квалификациски меч за настап на Мундијалот во Катар, а Мајкл Антонио покажа зошто Јамајка го чекаше да заигра за нив од 2018 година.

Во третиот официјален меч што го играше за оваа селекција, напаѓачот на Вест хем со фантастичен гол покажа дека е светска класа.

Вчеравечер возбудливо беше и во Бристол, каде што Роверс играше со Оксфорд јунајтед во првата фаза од ФА купот.

Мечот заврши со победа на Бристол роверс од 4:3 по продолженија, а голот на Арон Колинс во 115-тата минута е ремек-дело и многу сличен на тој што го постигна Антонио за Јамајка.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1460724020580597771?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести