1657 Клуб Бриж – Серкл Бриж (20:45 ч.)
Домаќинот е фаворит за победа во градското дерби на Бриж. Потрофејниот Клуб Бриж стартуваше со четири победи, едно реми и само еден пораз, додека Серкл има само еден триумф во шест кола.
Со 13 дадени гола, Клуб Бриж го има третиот најдобар напад, додека Серкл има постигнато само три погодоци и е најслаб според реализацијата.
Предлог тип: 1-1 (2.40)
3152 Славија Софија – Локомотив Софија (19:30 ч.)
Двете екипи кои се во сенка на градските ривали ЦСКА и Левски се во средината на табелата. Славија има 12 бода од шест средби, а Локомотив има исто толку бодови, но од осум дуели.
Интересна е традицијата на овие два тима, а тоа е дека на седум од последните осум меѓусебни натпревари било со НГ, односно барем едната екипа да не постигне погодок.
Предлог тип: НГ (1.69)
1011 ВБА – Барнли (21 ч.)
Меч кој „мириса“ на нерешено. Последните два меча на овие два тима завршиле 0:0, а интересно е дека ВБА и сезонава е експерт за реми. Во седум кола, ВБА има дури пет нерешени.
Барнли е екипа која игра квалитетно и ретко ќе губи оваа сезона, што е само уште еден показател дека можно е двата тима да освојат по еден бод по завршување на 90 минути.
Предлог тип: Х (3.20)
2801 Копенхаген – Силкеборг (19 ч.)
Малку необично делува фактот дека Копенхаген е само со три победи по седум кола, но во овој период клубот беше фокусиран на квалификациите во Лигата на шампионите, каде што успеа да се избори за настап во групната фаза.
Сега Копенхаген може да се посвети на мечевите во домашното првенство и сигурно на свој терен ќе бара триумф против Силкеборг.
Предлог тип: 1 (1.75)
1537 Бенфика – Визела (20 ч.)
Бенфика е единствен тим со перфектен биланс во Португалија по четири кола. Визела е екипа која сезонава главна цел ѝ е да не испадне, па на ова гостување реално тешко е да освои бод во Лисабон. Бенфика во просек дава три гола на меч и овојпат треба лесно да победи.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.97)