Две легенди на Премиер лигата ќе бидат дел од новиот стручен штаб на Манчестер јунајтед

Веќе сè погласни се најавите дека Ерик тен Хаг ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед. Актуелниот стратег на Ајакс треба да дојде на „Олд Трафорд“ на крајот од оваа сезона и да се обиде да го врати англискиот гигант на победнички патеки.

Англиските медиуми веќе шпекулираат дека Тен Хаг се договорил на тригодишен договор со Манчестер јунајтед, а некои дури пишуваат дека го знаат и новиот стручен штаб. Се шпекулира дека две големи некогашни ѕвезди од Премиер лигата ќе пристигнат на клупата на Манчестер заедно со Тен Хаг. Тоа се Робин ван Перси и Јап Стам.

Ван Перси веќе две години е помошник во Феенорд, додека Стам, кој во 2007 година се пензионира, од 2014 година е во тренерските води и бил тренер во младинскиот тим на Ајакс, потоа во Ридинг, Цволе, Феенорд и американскиот Синсинати. Моментно е без клуб.

- Оглас -

Најнови вести