3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Пеколна ждрепка: Две мегапресметки во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, Манчестер сити, во четвртфиналето ќе игра против Реал Мадрид, додека ПСЖ ќе се сретне против Барселона. Тоа се двете двојки кои привлекуваат најголемо внимание во четвртфиналната фаза од најквалитетното клупско натпреварување.

Двојки – 1/4 финале

Арсенал – Баерн Минхен
Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд
Реал Мадрид – Манчестер сити
ПСЖ – Барселона

Натпреварите од четвртфиналето се играат на деветти и десетти април, додека реваншите се закажани за 16 и 17 април.

Извршена беше и ждрепката за полуфиналето, а двојките се следните.

Двојки – 1/2 финале

Атлетико или Борусија – ПСЖ или Барселона
Арсенал или Баерн – Реал или Манчестер сити

Полуфиналните натпревари на програмата се на 30-ти април и први мај, додека реваншите на седми и осми мај.

Во финалето кое ќе се одржи на први јуни на „Вембли“ во Лондон условно домаќин ќе биде победникот од првото полуфинале.

Ова беше последен пат во историјата на Лигата на шампионите да се одржи ваква ждрепка. Од следната сезона поради промената на форматот на најквалитетното клупско натпреварување, ждрепката ќе се одредува компјутерски.

- Оглас -

Најнови вести