5.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Две неверојатни промашувања на празен гол за две секунди (Видео)

Мечот од 26. коло во шкотската втора лига меѓу Раит роверс и Сент Џонстон заврши без погодоци, а многу лесно можеше да се случи да не е така. Дуелот кој се играше синоќа, ќе се памти по две неверојатни промашувања.

Се играше 14 минута кога гостинските фудбалери беа многу блиску до погодок, но самите се виновни што не постигнаа гол. По еден центаршут, топката дојде до Џон Фолвер кој од непосредна близина ја погоди гредата од голот. Топката се одби до неговиот соиграч Стантон кој истотака од непосредна близина шутираше, но топката удри директно во неговиот соиграч кој беше на самата гол-линија и не заврши во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести