Две ноќи што ќе ги памети – Од Стриптиз клуб и 50 илјади долари глоба, до најмлад кошаркар во историјата на НБА со 50 поени и 11 асистенции

Кевин Портер јуниор имаше две многу интересни ноќи по ред. Завчера ги прекрши протоколите за Ковид-19 и се забавуваше во Стриптиз бар во Мајами, па веднаш беше казнет од НБА со 50 илјади долари, а ноќеска забавата му беше на терен против Милвоки бакс со 50 поени и 11 асистенции за Хјустон рокитс.

Ракетите победија со 143:136, а Портер, кој има само 20 години стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата што успеал на ист меч да искомбинира 50+ поени и 10+ асистенции.

Пред него рекордер беше Леброн Џејмс. Кралот на кошарката успеа да искомбинира 50+10 за првпат на 23-годишна возраст.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1387957871535607808?s=20

Милвоки прокоцка предност од 10 поени по првото полувреме, но уште повеќе ги загрижува повредата на Јанис Адетокумбо. Во првата минута од мечот популарниот Грик-фрик го повреди скочниот зглоб и го напушти теренот.

Одлична ноќ имаа и Кевин Дурант и Тим Хардавеј јуниор за Бруклин нетс, односно Далас маверикс во победите против Индијана и Детроит, а и двајцата постигнаа по 42 поени.

Резултати: Детроит – Далас 105:115, Индијана – Бруклин 113:130, Хјустон – Милвоки 143:136, Минесота – Голден стејт 126:114, Денвер – Торонто 121:111, Оклахома – Њу Орлеанс 95:109.

 

 

- Оглас -

Најнови вести