8390 Орландо меџик – Милвоки бакс (01.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои имаат по шест победи и четири порази, но моментумот е на страната на Бакс, кои имаат четири победи на последните пет меча, за разлика од Меџик, кој има мини-низа од два порази едноподруго. Иако има повеќе победи од порази, Орландо има негативна кош-разлика, тие се тим кој и дава и прима помалку поени од Милвоки. Адетокумбо има повреда на грбот и настапот му е неизвесен и ако не игра, тоа може да биде шанса за домашните. Орландо дома речиси две години не победил против Милвоки.
Предлог тип: <226.50 (1.75)
8001 Кливленд кавалирс – Мемфис гризлис (01.00 часот)
Мемфис е една од најслабите екипи на Западот, па ова е шанса за Кливленд и типуваме на нивна победа. Гризлис сезонава е незгоден гостин, но последната победа во Кливленд им е од 2016 година. Кавалирс добро ја отвори сезоната, но сега има три порази на последните четири натпревари. Двата тима имаат голем број повредени играчи. Овие тимови играа меѓу себе и пред три дена, Кливленд како гостин победи со 94-90.
Предлог тип: 1 (1.93)
8389 Шарлот хорнетс – Њујорк никс (01.00 часот)
Двата тима имаат по 5-5, но Никс има два порази на последните два меча, додека Хорнетс ги добија последните три натпревари и секако се во подобро расположение. Никс на последните два меча не успеаја да дадат ниту 90 поени, додека Шарлот на последните два меча даваше 110 или повеќе поени. Њујорчани не победиле на гостување во Шарлот во регуларни 48 минути, без продолжение, уште од 2013 година.
Предлог тип: 1 (1.57)
8329 Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс (02.30 часот)
И тука домашните се фаворити на хартија бидејќи се наоѓаат во подобра форма благодарение на Лука Дончиќ, кој почна да прикажува одлични игри. Далас има три победи по ред, а Пеликанс има три порази во низа. Маверикс на последните четири меча дава од 108 до 113 поени. На Њу Орлеанс не му помагаа ни 110 дадени поени на последните два меча. Маверикс и Пеликанс последен пат се сретнале лани во март, кога имало продолжение, но тогаш најефикасен бил Порзингис, кој овојпат нема да игра.
Предлог тип: Т2 >106.50 (1.90)
8385 Сакраменто кингс – Индијана пејсерс (04.00 часот)
Двата тима почнаа да играат променливо. Индијана има биланс 6-3, но на последните три меча има по една победа, пораз и меч со продолжение. Кингс загуби четири од последните пет меча, па падна на 4-6. Ако победи, Индијана ќе се изедначи со Бостон и Филаделфија на делба на врвот на Истокот. Последното гостување на Пејсерс во главниот град на Калифорнија беше пред 15 месеци и тогаш одиграа неизвесен дуел со продолжение. Сабонис и Брогдон периодов се најопасни играчи на Индијана и веруваме дека Оладипо нема да даде повеќе од 20 поени.
Предлог тип: Виктор Оладипо <20.5 (1.85)