Две репрезентации од екс-југословенските простори ќе играат полуфинале на ЕП во одбојка

Полска – Словенија и Србија – Италија се полуфиналните двојки на Европското првенство во одбојка за мажи. Интересно е што сите овие четири селекции, своите четвртфинални мечеви ги добија без проблем, со по 3-0 во сетови.

Словенците вечерва беа подобри од Чешка, и во полуфиналето ќе имаат многу тешка задача против Полска, која ги доби сите натпревари на годинешното ЕП.

Женската репрезентација на Србија неодамна во Белград загуби финале од Италијанките, па сега машкиот национален тим на нашиот северен сосед ќе се обиде да им се одмазди на Аѕурите. Италија нема пораз на ЕП, но Србија нема да биде без шансои на тој меч.

- Оглас -

Најнови вести