Две тепачки и феноменални игри на Јокиќ и Вембањама ја одбележаа вечерта во НБА (Видео)

Рано утрово во НБА лигата се одиграа десет натпревари, а неколку беа во центарот на вниманието.

Голден стејт го совлада Шарлот со 97-84, а освен по неефикасноста мечот ќе се памети и по инцидентот кој се случи во финишот. При 97-84 за домашните на 13-тина секунди до крајот, победникот беше одлучен и тренерите на двата тима дојдоа еден до друг да се поздрават и спортски да си честитаат. Но, на терен Воините тргнаа во акција сакајќи да дадат кош и да ја зголемат разликата. Тоа ги налути гостите кои мислеа дека Вориорс не треба да игра повеќе, туку само да чека крај, и дојде до голема мешаница после која беа исклучени по еден играч од двата тима.

Тепачка со четворица исклучени имаше на Њу Орлеанс – Мајами, дуел кој им припадна на Жешките со 106-95.

ЛА Лејкерс го победи Сан Антонио со 123-118, а Виктор Вембањама не можеше да спречи пораз, иако имаше историска партија и стана најмладиот во историјата на НБА кој на еден меч имал барем по 5 поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки. Две асистенции му фалеа за трипл-дабл.

Затоа пак трипл-дабл и тоа со одлични 29 поени, 15 скока и 14 асистенции имаше Никола Јокиќ на дуелот со Портланд. Денвер победи со 127-112. Најубедлив триумф имаше Оклахома сити кој го прегази Вашингтон со 147-106.

https://twitter.com/i/status/1761261739469877662

- Оглас -

Најнови вести