Црвена ѕвезда со гол во 97-ма минута победи на гостувањето во Ниш кај Раднички, но ако судијата видеше дека во моментот кога падна гол, на терен има две топки, можел и да го поништи голот на Пешиќ кој на гостите им донесе три бода.
Додека Ѕвезда одеше во својот последен напад, од кој даде важен гол, едно од децата задолжени за собирање на топки, на терен фрли топка која не влијаеше на играта, но сепак беше длабоко на терен.
Можеби со овој неспортски гест домашните се надеваа дека ќе се спасат, но за нивна несреќа, а за среќа на Ѕвезда, тоа не се случи.
Со ова не завршија драмите во српската Суперлига. Вечерва во Белград, Партизан водеше со 3-1 против 14-то пласираниот Јавор, а на крај гостите од Ивањица изедначија на 3-3 и освоија бод. Сега Ѕвезда има комотни седум бода предност во однос на ривалот Партизан во трката за титула.
Погледнете го голот во Ниш во момент кога на терен имаше две топки:
⚽️ Gol Aleksandra Pešića u 97. minutu za pobedu Zvezde u Nišu. pic.twitter.com/1tMMOfqiiu
— B92 Sport (@b92sport) October 23, 2022