Мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико е најголемиот предизвик за играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Само 24 часа од почетокот на типувањето, дури 61% од играчите предност му даваат на Кралскиот клуб, 27% од типувачите сметаат дека мечот ќе заврши нерешено, додека само 12% веруваат во победа на Атлетико.
Типувачите на Спортската прогноза само за 24 часа им дадоа голема предност на Борусија Дортмунд и Челзи во дуелите против Штутгарт, односно против Брајтон. Речиси 85% од играчите веруваат во победа на Милионерите, додека 76% очекуваат гостинска победа на Сините.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.