31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Две убави вести за навивачите на Јувентус

Од таборот на Јувентус стигнаа две убави вести кои ќе ги израдуваат навивачите. Прво, во секое време се очекува потврда на продолжената соработка на клубот со капитенот Џорџо Кјелини. На ветеранот му истекува договорот по крајот на оваа сезона, па според последните информации, Кјелини и следната сезона ќе ги брани боите на Старата дама.

Втората позитивна информација е што повредата на Миралем Пјаниќ не е сериозна, па се очекува Босанецот да одмори претстојниов викенд. Пјаниќ ги истегна препоните во дуелот против Бреша, во кој Јувентус славеше со минимални 1-0 и само по седум минути од настапот мораше да го напушти теренот.

Деталните прегледи потврдија дека не е ништо сериозно и ќе биде подготвен за осминафиналниот дуел во ЛШ против неговиот поранешен тим Лион.

Јувентус во сабота гостува кај СПАЛ во 25-тото коло од Серија А, додека гостувањето во Лион е предвидено за следната среда, на 26 февруари.

- Оглас -

Најнови вести