Двете екипи имаат по една НУЛА во името, па логичен беше конечниот резултат

Шалке 04 и Мајнц 05 одиграа меч без голови, во отворањето на 24 коло во германската Бундеслига. Тимот од Гелзенкирхен кој е седумкратен поранешен германски првак е во неверојатно очајна серија во домашното првенство. Шалке останува само со една победа во последните 40 кола во Бундеслигата, па не случајно е на дното на табелата.

По 24 одиграни меча, Шалке освои само 10 бода и е речиси сигурен за испаѓање на крајот од сезоната. Ни Мајнц не е многу подобар. Гостите стигнаа само до 18-тиот бод и се на 16-тото место кое истотака носи пад во Цвајте.

Во текот на целиот меч домашните фудбалери упатија само два удари кон противничкиот гол и двата беа прецизни, но недоволни да се стигне до погодок. Играчите на Мајнц имаа дури 20 шута, но само два беа прецизни кон голот на Шалке, но не се затресе ни мрежата на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести