Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари, а Sport Life подготви понуда со по 154 комбинации за играње.
Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.
Возбудувањата во НБА ќе започнат со дуелот на најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс (55-14) кој му гостува на тимот кој заедно со Вашингтон има најлош скор (12-57).
На овој натпревар не се очекуваат премногу возбудувања, Бостон се наоѓа во серија од седум победи по ред, а во меѓусебните дуели славеше на последните осум меча, додека последната победа ја оствари пред три дена (119:94) кога и официјално стана првиот тим кој обезбеди пласман во плејофот.
И најдобриот тим во Западната конференција, Оклахома сити тандерс (48-20) е апсолутен фаворит на гостувањето кај Торонто репторс (1.08).
Фаворитска улога ќе имаат и ЛА Лејкерс кои во „Крипто.ком арена“ ја пречекуваат Филаделфија, Голден стејт против Индијана, ЛА Клиперс против Портланд како и Минесота против Кливленд.
Највозбудливо се очекува да биде на мечот меѓу Мајами и Њу Орлеанс пеликанс каде еден против друг се очекува да играат Бам Адебајо против Зајон Вилијамсон, како и Џими Батлер против Брендон Инграм.
Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари за играта „плус-минус“ поени и на неа има дури 49-мина кошаркари. Фаворити да ја надминат границата се играчи како: Гилџес-Александер, Томпсон, Халибуртон, Ленард, Дејвис…