Двете страни на борбата против расизмот: Лаказет клечеше пред тимот на Славија (видео)

Арсенал лесно ја надигра Славија Прага во реваншот со 3-0 и закажа полуфинален двомеч со Вилјареал во Лигата на Европа. Победата беше осигурена уште во првите 45 минути, но моментот од овој меч за кој се зборува се случи непосредно пред првиот судиски свиреж.

Имено, играчите на Арсенал вообичаено клекнаа на колена со цел да испратат порака против расизмот и дискриминацијата, но Лаказет направи потег повеќе со кој ја воодушеви фудбалската јавност.

Тој се добилижи до домашните фудбалери и клекна точно пред нив, кои пак не се приклучија на иницијативата и останаа на нозе.

- Оглас -

Најнови вести