Двоен трансфер-удар на Вардар, донесе Хрват и Гамбиец

Фудбалскиот клуб Вардар денеска официјално објави две нови странски засилувања со кои ќе се зголеми конкуренцијата во нападот и одбраната на тимот на тренерот Горазд Михајлов.

Кеба Сусо од Гамбија е 26-годишен напаѓач, а доаѓа од словенечкиот второлигаш Јадран Декани, каде што постигна 7 гола на 12 натпревари. Тој во кариерата настапувал и за два клуба од Малта.

Ново име во ФК Вардар е и 25-годишниот Хрват, Михаел Бришки. Станува збор за играч кој може да настапува како дефанизивен играч за врска во средниот ред и како централен стопер. Потекнува од младинската академија на Динамо Загреб, со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во Црвено-црните доаѓа од Санџулијано од италијанската Серија Д, каде што изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки во минатото има настапувано за репрезентацијата на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести