Лидерот Шкендија како гостин славеше во тетовското дерби против Ренова со конечни 3-1, за зацврстување на врвот на табелата во ПМФЛ. Љума и Кривак погодуваа за гостите во првиот дел, по што Селмани ја врати надешта на Ренова со погодок од пенал во 66-тата минута.
За да се стави крај на сите дилеми, и Шкендија ја искористи шансата за гол од пенал, во 83-тата минута прецизен беше Ибраими. Шкендија сега е на врвот со 25 бода по седум кола, додека Ренова го претрпе петтиот овосезонски пораз.
Градското дерби во Струмица припадна на Беласица со 2-1 против Академија Пандев. Иако домаќините поведоа од белата точка преку Стоилов во 11-тата минута, Ивановски пред паузата донесе израмнување за Беласица, за потоа Сулев на половина час до крајот на мечот да ги постави конечните 2-1 во корист на гостинскиот состав.
Вардар освои голем бод на гости кај Струга Трим Лум со израмнувачки погодок за конечни 2-2 во осмата минута од судиското надополнување.
Работнички и Шкупи ремизираа при конечни 2-2 на арената „Тодор Проески“, додека Борец со убедливи 3-0 славеше против Пелистер.