„Двојките“ резервирани за Барса, Јуве и Јунајтед

Вилјареал – Барселона (21:30 часот)

Победничката низа на Барса во шпанското првенство трае веќе шест меча, избраниците на Ернесто Валверде итаат кон одбрана на шампионската титула и се чини дека никој и ништо не може да ги спречи да ја остварат таа мисија. Вечерва гостуваат кај Вилјареал, тим кој се бори да опстане во шпанската елита, а засега е со еден бод повеќе над црвената зона. Во овој дуел „жолтата подморница“ ќе има многу тешка мисија да дојде до позитивен резултат, иако не треба предвреме да се отпишуваат.

Лео Меси е во извонредна форма, Аргентинецот „гази“ сè пред себе. Како што неговата Барса убедливо води во трката за шампионската титула, така тој е осамен на листата на стрелците со 31 погодок.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.25)

 

Вулверхемптон – Манчестер јунајтед (20:45 часот)

„Волците“ сезонава имаат одличен биланс против Манчестер јунајтед. Се сретнаа во два наврати, на „Олд Трафорд“ во рамки на Премиер лигата ремизираа со 1-1, додека во четвртфиналето од ФА купот фудбалерите на Нуно Еспирито Санто ги елиминираа „црвените ѓаволи“ со конечни 2-1. Сега Јунајтед е тимот кој треба да брка позитивен исход, а на „Молињу“ многу тешко гостите издвојуваат добри резултати.

Но, само победа е опција за Солскјер и неговите избраници. Во тесна трка се борат за местата кои водат во Лигата на шампионите, а засега заостануваат еден бод зад третопласираниот Арсенал, додека со Тотенхем се израмнети со по 61 бод на четвртата, односно петтата позиција.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.10)

 

Калјари – Јувентус (21 часот)

Алегри не може да смета на голем дел од првотимците за вечерашното гостување, меѓу кои е и повредениот Кристијано Роналдо. Сепак, Јувентус не треба да има проблеми да ја одржи децениската традиција против Калјари. „Старата дама“ последен пат претрпе пораз од Калјари во ноември 2009 година, а оттогаш вкупно на 17 меѓусебни средби, сметајќи ги и пресметките во Купот, Јуве само трипати не успеа да победи.

Со секоја нова победа во Серија А, Јувентус може што поскоро да ја одбрани шампионската титула.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.55)

 

Милан – Удинезе (19 часот)

Два часа пред дуелот Калјари – Јувентус, на „Сан Сиро“ ќе започне пресметката меѓу Милан и Удинезе, меч на кој „росонерите“ ќе се обидат да остварат двојна победа над „зебрите“. Фудбалерите на Џенаро Гатузо на гостувањето во Удине дојдоа до победа со гол во седмата минута од судиското надополнуње, кој го постигна капитенот Ромањоли, а вечерва се големи фаворити пред свои навивачи.

Исто така, Рино мора да ги разбуди своите играчи бидејќи претрпеа два последователни порази од Сампдорија и градскиот ривал Интер, така што четвртата позиција им е загрозена. Лацио заостанува три бода и има меч помалку, што значи дека само триумф е опција за седумкратниот европски шампион.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.02)

 

Лион – Рен (21:10 часот)

Рен е еден од ретките тимови кои сезонава победија на теренот од „лавовите“, а само пред пет дена Лион им возврати и „украде“ три бода од „Роажон парк“. Сега ќе ги одмерат силите во полуфиналето од Купот на Франција, а победникот од овој дуел во финалето ќе игра против ПСЖ или Нант, втората полуфинална двојка.

Ако се гледаат последните пет меѓусебни средби, ништо не ги дели Лион и Рен. Двете екипи имаат по две победи и еден меч заврши со реми од 1-1. Ова е последна шанса за Лион да освои пехар оваа сезона, бидејќи Лига купот му припадна на Стразбур, а во француското првенство доминира ПСЖ.

Предлог тип: 1X & ГГ (1.98)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести