Двојна АБА-програма во Белград, Ѕвезда гостува кај розевиот тим којшто го шокира Партизан (Фото)

Вечерва во Нов Белград ќе се играат два натпревара од јадранската АБА-лига, а според квотите во Sport Life, фаворитите и евролигаши Црвена ѕвезда и Партизан,не би смееле да си дозволат киксеви, иако противниците знаат да бидат незгодни.

Ѕвезда оди на мегдан против младиот состав на Мега. Се знае кој е голем фаворит за победа, но предупредување за Ѕвезда треба да биде онаа сензационална победа на Мега против Партизан. Во мечеви од АБА-лигата, Мега никогаш не ја победила Ѕвезда, скорот е 23-0 за Црвено-белите.

Во терминот во кој отприлика треба да заврши мечот во салата на спортови „Ранко Жеравица“, на два километри дистанца од таму, во „Штарк арената“, почнува пресметката на Партизан и Студентски центар Дерби. Тоа што хендикеп границата е поставена на 19.50 поени, јасно кажува кој е кој, но Партизан во септември во Подгорица загуби од овој противник во финалето на Суперкупот на АБА-лигата.

Во Sport Life има понуда и за 17-мина кошаркари, за кои треба да погодите колку поени ќе постигнат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести