Ландо Норис тргнува од пол-позиција на денешната спринт трка на патеката Интерлагос во Бразил и ако победи, може дополнително да ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на ривалите Оскар Пјастри и Макс Ферстапен.
Пјастри тргнува од трето, а Ферстапен од шесто место, па од 15 часот на спринтот ќе има интересна битка како најава за официјалните квалификации за главната трка кои се од 19 часот.
И за квалификациите прв фаворит е Норис пред Ферстапен и Норис. Петокот беше одличен за Ландо, а како ќе биде денеска и утре, останува да се види.
Аналитичарите сметаат дека Верстапен имал прилично нестабилен болид и конкурентен и подобар од Мекларените, мора да се надева на дожд утре за да може да направи нешто различно.
Мерцедес изненади, беа побрзи од Ферстапен и од болидите на Ферари, па и тие се во игра за висок пласман.


