Црвена звезда стави печат на одличната сезона со освојувањето на трофејот од Купот на Србија.
Тие во финалето на нивниот, „Рајко Митиќ“ стадион го победија најголемиот ривал Партизан со 2:1 а најзаслужен за триумфот беше Александар Катаи.
Играчот од средината на теренот најпрвин мајсторски погоди во 26-та минута, откако упати неодбранлив удар од некаде 20 метри, и тоа во левиот голмански агол. Истиот играч ја затресе мрежата и во 73-та минута со што ги постави конечните 2:1.
Во меѓувреме, израмнување за Партизан донесе Слободан Урошевиќ во 62-та минута. Оваа сезона е одлична за „црвено-белите“ од Белград бидејќи во неделата ја освоија и титулата од српскиот шампионат, додека во Лигата на Европа стигнаа до осмина-финалето каде што беа елиминирани од Глазгов Ренџерс.
Kataiiii 2:1 #fkcz pic.twitter.com/RRfX0vavgB
— CZV VESTI (@czvvesti91) May 26, 2022