Двојна неволја за Челзи, кој остана без Лукаку и Вернер на подолго време

Челзи го победи Малме со убедливи 4:0, но остана без Ромелу Лукаку и Тимо Вернер, кои поради повреда го напуштија теренот многу порано.

Според првичните информации, двајцата напаѓачи ќе бидат „аут“ најмалку еден месец, што секако ќе претставува голем проблем за тренерот Томас Тухел.

„Ќе биде потребно да се направат дополнителни тестирања, но според првичните информации, тие би биле надвор од терените најмалку еден месец“, изјави Тухел на прес-конференција.

Среќа во несреќа за плавите од Лондон е тоа што во наредниот период иако имаат изобилство на натпревари, немаат ниту едно поголемо дерби.

Веќе викендов ќе се соочат со Нович, а потоа следуваат дуелите со Саутхемптон, Њукасл, Малме и Барнли.

 

- Оглас -

Најнови вести