Двојна победа за Србија против Фуријата, Медведев ќе му одземе сет на Надал

Шпанија – Србија (14:30ч – Мундобаскет, втора фаза)

Битката на непоразените се очекува да ја добие фаворизираната Србија против моќната Црвена фурија на Серџо Скариоло. Актуелниот светски и европски вицепрвак планира да им се реваншира на Шпанците за поразот во нивната последна пресметка од светски рамки, која заврши во корист на Шпанија со 89:73.

Од тогаш, овие две селекции се сретнаа и на последното ЕП, а тогаш Србија славеше со 80:70 во групната фаза. Од вкупно девет меѓусебни средби, Шпанија има подобар учинок со 6-3, но според она што кошаркарите на Александар Ѓорѓевиќ досега го прикажаа, им се насмевнува и петтата последователна победа со која ќе ја освојат првата позиција во група Ј.

Предлог тип: 2 двојна (2.10)

 

Данил Медведев – Рафаел Надал (22ч – ОП на САД, финале)

Надал е апсолутен фаворит во финалната битка против Медведев, но се очекува Шпанецот да загуби барем еден сет на спектаклот кој ќе се одржи на „Артур Еш“ арената во Њујорк. Надал атакува на четврта титула на Отвореното првенство на САД, со која ќе може да му се доближи на Роџер Федерер по вкупниот број на Гренд слем титули. Роџер има 20, Надал засега 18 титули.

Овие двајца тенисер годинава веќе играа едно финале. Медведев и Надал пред околу еден месец се сретнаа во Канада на АТП Мастерс турнирот во Монтреал, а Шпанецот триумфираше по два сета со 6-3, 6-0. Тоа е нивната единствена меѓусебна пресметка, а сега се очекува од Русинот да освои барем еден сет.

Предлог тип: Двајцата освојуваат сет, СС (1.95)

 

Грција – Лихтенштајн (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, шестто коло)

Единствената победа на Грците во овие квалификации е токму против Лихтенштајн. Во првото коло славеа на гостувањето во Вадуц со 0-2, а сега пред домашните навивачи во Атина ќе треба да го повторат успехот. Ова е дуел на двете селекции со најлош учинок во квалификациската група Ј, Грција има четири бода по пет меча, Лихтенштајн нареди пет порази.

Грција воедно посакува да стави крај на црната серија од четири порази по ред, а имајќи во предвид дека досега сите четири средби против Лихтенштајн ги добиле, се очекува нов убедлив триумф. Репрезентативците на Лихтенштајн сè уште немаат дадено гол во овие квалификации, а потфрлиле во тој обид во сите четири средби против Грција.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.20)

 

Грузија – Данска (18ч – ЕП 2020 квалификации, шестто коло)

Данците посакуваат да го одржат чекорот со Ирска во квалификациската група Д, каде што по четири меча имаат осум бода и се непоразени. Како големи фаворити против Грузијците, селекцијата на Данска ќе се обиде да запише двоја победа против оваа селекција, откако лесно ја совладаа со 5-1 на домашен терен во јуни годинава.

Грузија во вкупно четири натпревари беше подобра само од Гибралтар, а досега ниту еднаш не оствариле позитивен резултат против Данска. Во вкупно четири меѓусебни средби, Данците се радуваа на победи од 6-1, 5-1 и 2-1, додека еден меч заврши со реми од 2-2.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.90)

 

Финска – Италија (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, шестто коло)

Двете најквалитетни селекции од групата Ј, по вторпат ќе ги одмерат силите во овие квалификации. Италија засега е неприкосновена со „пет од пет“ и имаат максимални 15 бода, додека Финците се зад нив со 12 бода и еден пораз, токму од Аѕурите во првото квалификациско коло.

Избраниците на Роберто Манчини рутинирано се радуваа во Удине со 2-0, но од тој меч сега во нивниот состав ќе недостасува Мојзе Кен, стрелецот на вториот погодок. Меѓутоа, тоа не треба да претставува проблем за Италија, која секако ќе оди на три бода.

Во далечната 1977 година Финска и Италија последен пат одиграа меч во кој се тресеа мрежите и на двете страни, а од тогаш Аѕурите наредија пет победи од кои во четири славеа со 2-0, а во еден со минимални 1-0. Време е на таа традиција да се стави крај, очекуваме Финска да постигне барем еден гол пред свои навивачи.

Предлог тип: ГГ3+ (3.05)

- Оглас -

Најнови вести