14.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Двојна програма во Белград за навивачите на Црвена ѕвезда

Навивачите на белградската Црвена ѕвезда вечерва имаат избор дали во нивниот град да гледаат кошарка или фудбал, а за тие што сакаат да ги бодрат Црвено-белите и во сала и на стадион, ќе треба добро да го изменаџираат времето кое ќе го имаат за преселба од „Штарк арената“ во Нов Белград до стадионот „Рајко Митиќ“, кој е од другата страна на реката Сава, во стариот дел од главниот град на Србија.

Кошаркарите од 18 часот го почнаа дуелот со Панатинаикос од Евролигата. По првото полувреме, Ѕвезда има убедлива предност и можеби тие фанови кои планираат да одат и на стадион, ќе можат мирно да си заминат од салата некоја минута пред завршување на кошаркарскиот меч. Тој меч би требало да заврши пред 20 часот, доколку нема продолжение.

Навивачите кои планираат да продолжат на стадион и да го гледаа мечот Црвена ѕвезда – Митјиланд од фудбалската Лига на Европа, ќе имаат околу еден час за трансфер од салата до стадионот и да го проследат фудбалскиот дуел од самиот почеток.

На мечот со Брага, трибините на популарната Маракана се полнеа до 15-тата минута од мечот и Делиите не сакаат тоа да се повтори, па ги повикаа своите членови ако може да побрзаат со преселба од сала во стадион.

- Оглас -

Најнови вести