Работнички е единствениот гостински тим кој не загуби во денешните мечеви од првата македонска фудбалска лига. Тимот од Дебар Маало, со новиот тренер Лазаревски, успеа да освои бод во Ѓорче Петров, откако Шаркоски им даде гол на „лавовите“.
Струмичките прволигаши дадоа по два гола и имаа 100-отстотен ефект. „Академиците“ со пенали на Дориев и Стоилов некако ја урнаа Ренова, а и Беласица едниот од двата гола против Шкупи ги даде од 11 метри.
Фаворитите Шкендија и Вардар, победија, но на различен начин. Вардарци минимално со голот на Цветаноски го победија Силекс кој има три порази по ред. Шкендија во Тетово прими два гола од „фенерџијата“ Победа, но првакот во мрежата на прилепчани уфрли пет парчиња.
РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Ренова 2-1, Беласица – Шкупи 2-0, Македонија Ѓорче Петров – Работнички 1-1, Шкендија – Победа 5-2, Вардар – Силекс 1-0.
ТАБЕЛА: Шкендија 56 бода, Вардар 48, А. Пандев 45 (еден меч помалку), Ренова и Шкупи по 33, Работнички 32, Македонија ЃП 30, Силекс 24, Беласица 22, Победа 18 (еден меч помалку).