Двојниот стрелец пресреќен: „Ова е само почеток на еден голем Вардар“

Херој на Вардар во освојувањето на трофејот од Купот на Македонија беше младиот напаѓач, Михаил Талевски, кој беше стрелец на двата гола во победата од 2-0 над Струга.

„Многу сум среќен и чест ми е што го освоив мојот прв трофеј во професионалната кариера со Вардар. Среќен сум што ги постигнав двата гола и чест ми е што сум дел од ваква победничка екипа и клуб. Ова е само најава за еден голем проект, за еден голем Вардар. Ова е само почетокот за нови успеси.“ – рече Талевски после мечот.

- Оглас -

Најнови вести