Шестото коло сезонава на Спортска прогноза го донесе англиското дерби помеѓу Арсенал и Манчестер сити, а според процентите на досегашните типови од прогнозерите, фаворит е гостинскиот тим.
За победа на Манчестер сити типувале 44,67 отсто, додека во Арсенал веруваат 22,50 проценти, а 32,83 отсто од прогнозерите сметаат дека натпреварот ќе заврши нерешено.
Прогнозерите си имаат свои фаворити и на останатите натпревари од основната 13-ка и на двата резервни дуела.
Најголема доберба прогнозерите имаат во Аугсбург, дури 87 отсто сметаат дека овој тим ќе слави против Дармштад.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда.
Играта е бесплатна и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.