Фудбалерките на Спартак од Суботица се најдобри во Србија, ги освоија и првенството и купот, па решија да прослават со тоа што ќе се прошетаат низ градот на северот на Србија со пајтон. Спартак седма сезона по ред освојува двојна круна, а дефиле имаа возејќи се со пајтони.
Гулабиците беа поздравувани од минувачите, и покажаа дека има и други интересни начини да се прослават спортските успеси, не само со возење со отворен двокатен автобус или со пловење со брод.