Бенфика е првиот клуб кој обезбеди место во четвртфиналето во Лигата на шампиони за оваа сезона. Португалскиот гигант на убедлив начин со 5:1 го победи Бриж и си обезбеди место меѓу најдобрите осум во Европа.
Уште по првиот меч во Белгија, Бенфика имаше предност од 2:0, што значи дека по двата меча тимот од Лисабон победи со вкупни 7:1. Домаќините на „Луж“ во Лисабон погодија уште во втората минута, но тој гол беше поништен поради офсајд, за потоа на голови се израдуваа Рафа Силва во 38 минута и Рамос во 45 минута.
Во второто полувреме, Бенфика продолжи во ист стил, а погодуваа Рамос во 57, Жоао Марио во 71 и Нерес во 77 минута. Почесниот гол за гостите го постигна Меиџер во 87 минута.