Двоцифрен е коефициентот за Јувентус да добие пенал, а ПСЖ црвен картон

Цели 25 години ПСЖ и Јувентус се немаа сретнато во европски дуел, а сезонава се најдоа во иста група од Лигата на шампионите. Францускиот тим дома победи со 2:1, а вечерва се игра во Торино, каде што единствен мотив за Старата дама е да го задржи третото место во групата и да остане во Лигата на Европа.

Светците треба да победат за да бидат сигурно први во групата и се фаворити иако во составот ќе бидат без Нејмар, додека кај Јувентус дури 12-мина играчи се на листата на повредени.

Мбапе и Меси се главни фаворити за стрелец на прв гол на мечот. На дуелот во Париз, Мбапе погоди само по пет минути од стартот. Интересно е дека дури 18 е квотата за првиот погодок да биде автогол, а дури 15-мина играчи се во понудата за стрелци.

Може и да се комбинира со стрелец на гол и победа на еден од двата тима, па за победа на ПСЖ и гол на Меси коефициентот е 3.00.

За оние кои не сакаат многу да чекаат, може да одиграат и кој ќе го има почетниот удар, кој ќе има прв аут, корнер или кој прв ќе добие жолт картон. На последните три меча ПСЖ дава гол во првите 30 минути, па и сега може да се очекува ефикасен старт.

Дури 10 е квотата за ПСЖ да добие пенал, а Јувентус да заработи црвен картон, додека за обратна ситуација, односно Јуве да добие пенал, а гостите да имаат црвен картон, квотата е дури 11.

Може да броите и колку вкупно корнери ќе има, жолти картони, офсајди или фаули. Едноставно, Специјалниот сингл секогаш нуди огромен број на игри за вакви дерби-дуели.

- Оглас -

Најнови вести