Kако да се браниш кога на 20 секунди до крај на напад, Леброн погодува од пола терен (Видео)

Леброн Џејмс оваа сезона внесе уште една новост во својата игра, поточно во нападот. Кралот ги изненадува противниците со тоа што веќе шутира и погодува удари за три поени од секаква далечина.

Еден таков потег Леброн имаше на дуелот против Филаделфија. На почетокот на третата четвртина при водство на Лејкерс од 70:54, топката беше кај Џејмс. Непречен од никого, без никаков притисок дека може да истече времето за напад, Џејмс реши да шутира за три поени речиси од половина терен.

Се намести и шутираше, а топката „без коски“ заврши низ обрачот за водушевување во салата, но и кај неговите соиграчи.

https://twitter.com/i/status/1235064235484315648

 

- Оглас -

Најнови вести