26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Е ова е беља за Манчестер јунајтед – Уценети се од хакери со милиони фунти, ако платат откуп и ќе ги казнат

Манчестер јунајтед се најде во ѓаволска беља, откако им беа хакирани доверливи документи и мејлови од се уште непознати хакери, кои се закануваат дека ќе ги објават тајните на клубот, ако не им биде платен сооодветен откуп.

Се уште не е наведено колку пари бараат хакерите и не се знае нивниот идентитет, а до клубот веќе стаса и предупредување од Американското биро за заштита на странски авторски права и лични податоци дека не смеат да платат откуп.

Тоа би ги чинело околу 20 милиони евра ,плус уште нешто повеќе од тоа, или околу 22 милиони евра, ако биде откриена базата на податоци за навивачите.

Манчестер јунајтед како англиски подлежи на Британското право, но поради сопствениците од семејството Глејзер кои се Американци подлежи и на законита за заштита на авторски права и податоци и на територијата на САД.

Акциите на Црвените ѓаволи котираат на американската берза и поради тоа ги „фаќа“ и американскиот закон. На акциите веднаш им падна вредноста на Њујоршката берза по објавата дека се хакирани клупски документи и мејлови на Манчестер јунајтед

Според законот ако најтрофејниот англиски клуб плати откуп ќе плати и казна од 15 милиони фунти, а ако дојде до објавување на базата на податоци на навивачите ќе мора да плати и дополнителна глоба од 18 милиони фунти.

Според законот во САД наведено е дека не смее да се поттикнува било какво охрабрување на хакери со плаќање на откуп, а посебно се наведени и одредени групи од Русија, Северна Кореа и од Иран, иако се уште не се знае каде е базата на уценувачите.

Дополнително без разлика на немоќта на Манчестер јунајтед во ваква ситуација, поради небрежност, ако хакерите ги објават документите со базата на податоци за навивачите, тоа ќе значи кршење на правото на заштита на личните податоци и англискиот клуб ни крив, ни должен ќе плати дополнителни 18 милиони фунти казна.

 

- Оглас -

Најнови вести