4.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Е ова е дерби: Милан со пресврт му покажа на Интер кој е шампион (Видео)

Милан го победи Интер со 3:2 во големото градско дерби, во петото коло на Серија А. Со овој триумф Милан се искачи на врвот на табелата со 11 бодови, додека Интер остана на девет бодови и со втор пораз сезонава.

Дуелот почна добро за Интер. Нерауѕрите први погодија и тоа преку Брозовиќ во 21 минута. Сепак, радоста на гостите траеше само седум минути кога Рафаел Леао израмни на 1:1. Овие два гола може да ги видите ТУКА.

Почетокот на второто полувреме беше во знакот на Милан. Во 54 минута Леао асистираше, а Жиру погоди за 2:1.

https://twitter.com/i/status/1566117921889423360

Веќе во 60-тата минута беше 3:1 за шампионот откако повторно погоди Леао, кој е вистински херој со два погодоци и една асистенција.

Надеж за Интер дека може да се спаси од пораз даде Един Џеко со погодокот во 67 минута, но Нераѕурите до крајот, иако имаа неколку добри шанси не успеаа да постигнат и трет погодок.

- Оглас -

Најнови вести