Е, ова е мајстор, одигра тикет на којшто бараше најмалку четири гола по меч и си ќари речиси 2.000 евра (Фото)

Викендов беше исполнет со доста добитни тикети меѓу обложувачите, а два се посебно интересни поради игрите.

На уплатно место на Sport Life во Охрид исплатен е тикет кој има нето-добивка од 113.1787 денари, а уплатата е 20 денари. Вкупната квота изнесува 6.657, а се одиграни осум натпревари од англиските и шкотските дивизии, на коишто се бараше да бидат постигнати најмалку четири гола.

Сите квоти се поголеми од 2.50, а најголемата изнесува 3.85.

На тикетот се осум фудбалски натпревари кои се играа вчера од 15 часот и за сите парови поединечно квотите се над 2.00. Најкритичен меч на овој прогнозер му беше мечот од шкотската Лига 1 меѓу Келти хартс и Квин од саут, кој заврши со триумф на домаќинот од 3:1, но четвртиот гол беше постигнат во 94-тата минута.
Возбудливо беше и на дуелот меѓу Акрингтон и Стокпорт (1:3) бидејќи четвртиот гол, кој донесе речиси 2.000 евра во Охрид, беше постигнат во 86-тата минута.
Останатите натпревари брзо го „исполнија условот“ на охриѓанецот, а на еден меч,тој меѓу Колчестер и Нотс каунти, беа постигнати дури девет гола (5:4).

НАПОЛИ И АРСЕНАЛ ВО СУДИСКОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ДОНЕСОА ДОБИВКА ВО ДЕМИР ХИСАР

Во објект на Sport Life во Демих Хисар, еден обложувач со 50 денари уплата си заработи 53.669 денари нето. Тој одиграл само четири меча на тикетот, но квотите се движеа од 3.50 најмалата дури до 9.25 за најголемата.
На натпреварите Лече – Наполи и Борнмут – Арсенал е одиграно на двојна победа на фаворитите и притоа да бидат постигнати барем четири гола.

И Наполи и Арсенал славеа со идентични 0:4, но обложувачот чекаше до судиското продолжение на двата меча за да му биде исполнет условот за голот. Наполи четвртиот гол го постигна во 94-тата минута од пенал, откако третиот го даде во 88-мата, додека Арсенал убедливиот триумф го завери со гол во 93-тата минута. Токму за мечот од Серија А, квотата е најголема и изнесува 9.25.

Најмалата квота е од мечот меѓу Спарта Прага и П’лзењ (2:1), на којшто беше одиграно на триумф на домаќинот и притоа двата тима да постигнат гол.

Обложувачот имал одлично чувство за мечот меѓу Монако и Олимпик Марсеј, кој заврши 3:2. Тој одиграл дека во првото полувреме ќе има барем три гола и двата тима ќе ги тресат мрежите, а на добивката може да се радува веќе во 18-мата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести