Со враќањето на возбудувањата во Лигата на шампионите, се појавија и мајсторите за обложување, кои со мал влог доаѓаат до големи добивки.
Таков мајстор се покажа на дело на вчерашните натпревари и со влог од 20 денари си заработи нето-добивка од 22.989 денари.
На тикетот уплатен во обложувалница на Sport Life во Струга, обложувачот одиграл пет натпревари, четири се одиграни полувреме-крај и еден конечен тип со голови со вкупен коефициент 1.352.
Обложувачот одиграл дека дербито на Премиер лигата меѓу Арсенал и Манчестер сити ќе заврши со триумф на шампионот, а на полувреме ќе биде нерешено. Со головите на Де Бројне од едната и на Сака од другата страна, првиот дел заврши без победник, а во второто полувреме, Грилиш и Халанд им ја донесоа победата на Граѓаните.
Обложувачот ги погоди и вчерашните натпревари во Лигата на шампионите, и тоа со истата игра, да биде нерешено на полувреме, а на крајот да се радуваат Борусија и Бенфика. Карим Адејеми ѝ ја донесе победата на Борусија Дортмунд против Челзи, додека Бенфика постигна два гола во вториот дел, со кои речиси сигурно обезбеди пласман во четвртфиналето.
Обложувачот го погоди исходот и на натпреварот од швајцарската Суперлига меѓу Винтертур и Сервет со истиот рецепт. На полувреме беше 0:0, а на стартот од вториот дел домаќинот поведе со 1:0, но фаворизираниот Сервет со головите на Стевановиќ и на Валс направи пресврт и му донесе голема добивка на обложувачот од Струга.
Последниот натпревар на тикетот беше победата на Реал Мадрид од 4:0 против Елче, а тука сите дилеми беа решени во првото полувреме, кое Кралевите го добија со 3:0.