Гевгеличанец кој во саботата уплатил тикет во Sport Life и се обложил на три натпревари, може да се прогласи за експерт за второлигашки аргентински фудбал.
Вложени се само 30 денари, и тоа само на три меча од Примера насионал лигата во Аргентина, а бруто-добивката изнесува дури 114.469 денари.
Овој гевгеличанец типувал дека Арсенал Саранди, кој е последен на табелата, ќе победи на гости кај десеттиот Лос Андес и притоа дека гостите ќе водат и на полувреме и на крај ќе има 4 или повеќе голови. За оваа комбинација, квотата беше дури 50, а излезе „локум“. Арсенал на полувреме водеше со 3-0 и победија на крај, а за 4+ се погрижија домашните со гол на 15-тина минути до крајот.
На средбите Гимназија Хухуј – Естудијантес Рио Куарто и Митре – Темперли прогнозирано е дека ќе има 4 или повеќе голови, а квотите исто така се огромни, 9.25, односно 8.25.
Секако, за добивка потребна беше и доза на среќа.
Гимназија изедначи на 2-2 во 91-вата минута за голема радост на трибините, но и за радост во Гевгелија бидејќи се исполни условот да има барем четири гола.