Дарвин Мачис е венецуелски фудбалер кој сезонава испеа да постави еден редок рекорд, односно анти-рекорд. Тој е фудбалерот кој четврта сезона по ред испаѓа од лига со клубот за кој настапува. Ваква негативна серија низ историјата на шпанскиот елитен фудбал е забележана само еднаш претходно и тоа во периодот од сезоните 1959/60 до 1962/63 сезона, кога Хорхе Роберто Лараз успеа четири пати по ред да испаѓа од лига.
Необичната серија на Мачис започна во сезоната 2021/22. Тогаш тој играше за Гранада, екипа која заврши на 18-то место и испадна од Примера дивисион. По таа сезона потпиша за Реал Валјадолид, но и таму немаше среќа, па клубот испадна од елитното шпанско друштво. Во сезоната 2023/24 венецуелскиот интернационалец играше за Кадис, каде што беше еден од стандардните играчи, но и тој клуб не успеа да остане во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.
На почетокот на оваа сезона Мачис се врати во Валјадолид, но дури ни враќањето не донесе промена. Валјадолид повторно испадна од Примера дивисион, а Мачис на тој начин стана еден вид симбол на несреќа кога станува збор за борбата за останување.
Дарвин Мачис има играно и за Леганес, Уеска и Гранада во Шпанија, а играше и во Италија и Мексико. За националниот тим на Венецуела одигра повеќе од 50 натпревари.