Е ова е малер, велосипедист излета од пат и заврши во го*на (Видео)

Велосипедистот Стан Девулф стана хит на социјалните мрежи по излетувањето од патот за време на Гран при трката во Денаин, Франција, која се возеше неделава.

Иако велосипедистот на тимот Емирати, Хуан Себастијан Молано победи на трката, Девулф се најде на насловните страници поради трагикомичната несреќа.

Имено, тој не успеа да совлада еден свиок од патот, излета од него, и според новинарите – „заврши во го*на“.

Имено, покрај патот имаше големи колични вештачко ѓубриво, кое се добива од измет од домашни животни, и токму во него падна несреќниот Девулф.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести